Zoran Rujak
Зоран Рујак

Со истражувањето во 2005 год. на платото на Цареви Кули од страна со ахеолог Марга Атанасова, Ване Секулов и Зоран Рујак почнавме на некоj начин да го дефинираме платото на Цареви Кули со што добивме неопходни информации за понатамошни активности на локалитетот. По завршувањето на овие активности, на некој начин почнавме со обработка на матерјалот и обратувајќи ја фото документацијата, на некој начин се појавио една интересна можност да се иврши компјутерска реставрација на Цареви Кули која што ја отпочнав јас со помош на Веселин Ристов фотограв од музејот. Тоа беше една прекрасна можност да се доближи овој локалитет до пошироката јавност и најпрво почнавме со една игра за да подоцна по едноизвесно време сета таа игра постане многу поозбилна за да на крајот ја внесеме во тогашниот водич низ културно- историското наследство на Струмица. Промовирајќи го овој водич на 10 декември 2005 год. тогашниот директор во Упрвата за заштита на културното наследство, господинот Јован Ристов, заедно со градоначалникот на Општина Струмица, господинот З. Заев едноставно како еден од поинтересните моменти на целиот овој зборник беше посочена токму оваа реконструкција. Разговараќи неофицијално со г-динот Заев по завршувањето на оваа промоција тој ме праша дали е можно да се направи една таква реконструкција, видно возбуден поради самата идеа, и му одговорив дека со еден ангажман на пошироката јавност би можело да се направи таква реконструкција зошто веќе поодамна ги имаме реализирано проектите на Плаошник во Охрид, односно на Самоиловата тврдина и уште неколку тврдини низ Балканот со што мислев дека со додатни истражувања, со реализација на одредени други активности, целиот овој проект би можел да добие една свој задоволителна рамка во која што може понатаму да се одвива.
Истражувањата на централното плато на локалитетот Цареви Кули на Акрополот започнаа во 2004 год. со истражувњето на еден објект, куќа, којашто судејќи по сите наоди припаѓа на крајот на 13 и почетокот на 14 век. Се работи за објект којшто го истражувавме заедно со моите колеги Маргарита Атанасова и Ване Секулов за да 2007 год. повторно се вратиме на платото и истражувањата ги насочивме кон централната пирг кула и резервоарот за вода кој што е расположен источно од пирг кулата. Самиот резервоар беше истражуван сондажно а исто така и пирг кулата. Овде се обидовме да ја востановиме верикалната стратиграфија и за среќа имавме прекрасни наоди на големата цистерна од една страна, и уште една помала цистерна исто така од длабока во пирг кулата од друга страна. Се работи за пирг кула која централно е расположена на самиот локалитет тоа е главната  одбрамбена кула на тврдината Цареви Кули и овде на некој начин во турболентните времиња  живеел, односно работел заповедникот на самата тврдина. Самата пирг кула имала три или повеќе спратови најверојатно можеби и четири, а под нивото на темелите на кулата е прокопана голема цистерна  со димензии некаде околу 10 на 4 во ширина и должина и околу 8,5 метри длабочина прокопана е т.н. цистерна или колектор за вода, за атмосверска вода, зошто на самиот локалитет  извори од вода немаме. Се работи за еден многу интересен тип на цистерни посведочен ширум византиското царство. Имено за време на градењето на самата пирг кула претпоставувам дека мајсторите кои што биле најверојатно од самата околина имале некакои допирни точки со мајсторите од Византија, значи од тој период т.н. комненовски период е еден посебен и специфичен сисстем на собирање на вода. Најблиски анлогии кај нас се наоѓаат во тврдината во Мелник, таму имаме слични такви колектори за вода и една подоцнежна тврдина Гинејкокастрон, северно од Солун, каде што исто така беа пронајдени такви слични системи. Со еден огромен капацитет на вода, со истражувањата сметаме дека оваа цистерна во пирг кулата служела за снабдување на вода на самата посада на тврдината, на војниците и целата таа послуга која што на некој начин ја чинела самата таа тврдина, додека цистерната којашто е источно и има поголеми димензии 12 на 5 со длабочина околу 10 метри таа едноставно претставувала цистерна за месното население односно снабдување на жителите на градот Струмица во турболетните времиња кога тврдината исто така служела како место каде се засолнувале самите граѓани. Самата пирг кула има најмалку 2 фази, едната е правоаголна фаза која што претпоставувам ја добила уште на самиот почеток на своето опстојување, тоа ќе биде некаде крајот на 11 и почетокот на 12 век, додека подоцна се подигнати и уште два испуста на југоисточната  и северозападната страна, два испуста во вид на остри агли, така што основата на тврдината личи на некој брод. Овие се претпоставувам некаде од крајот на 13 и почетокот на 14 век, судејки по опусот на ѕидање кога на одредени места на самата тврдина, на одредени кули, се вршат исто така интервенции од тој тип и се врши зајакнување на кулата. Ваков тип на пирг кула има свои аналогии единствено во кулата во Вишеград, седиштето на унгарските кралеви, и едноставно таму е посведочена слична концепција на грдење на такви кули, а она што е интересно е тоа што овие остри агли претпоставувам дека се поставени заради тогашната алтилерија, пред се катапулти, подоцна се појавува се разбира огненото оружје меѓутоа во тоа време острите агли се поставени заради рикошетирање на проектилите со коишто била гаѓана  тврдината. На одредени позиции пронајдовме неколку остатоци од камени ѓулиња, значи можно е дека во одредени периоди тврдината и била напаѓана од таков тип на алтилерија. Самата тврдина на некој начин покажува дека некаде конкрајот на 14, почетокот на 15 век кога турците ја освоиле кога почнала полека да останува во внтрешноста на отоманската империја, покажува знации на постепено руинирање, меѓу другото и самата кула на некој начин почнува да се руинира, а  претпоставувам дека во текот на времињата, покасно била затворена и самата цистерна, едноставно била затрупана со земја, песок и шут. Со истражувањата 2007 год. успеавме да ги востановиме фазите и елементите кои ја сочинуваат самата пирг кула и која што ги сочинуваат елементите пред се за водоснабдување на посадата на тврдината и месното население во текот на средниот век.

Пред да почнат самите истражувања на локалитетот се соочивме со еден основен проблем дали и во која мера се сочувани бедемеските остатоци од тврдината. Со истражувањата 2007 год. успеавме да ги дефинираме повеќето бедемски платна на западната, северозападната, источната и југоисточната страна на бедемот, односно на позициите каде што ерозијата сеуште во доволна мера не ги оштетила бедемските платна. На одредени позиции како што е токму оваа позиција беше во целост покриена со земја и прашање беше дали воопшто ќе пронајдеме нешто, меѓутоа за среќа се појавија неколку фази дури од поставувањето на бедемот, едната која што во моментот се гледа со западно и северозападно лице е од средовековниот период, веднаш над неа имаме втора фаза односно тоа е првата фаза практично на самата тврдина, тоа е доцноантичкиот период, и на крајот имаме неколку преградувања од крајот на 13 и почетокот на 14 век. Значи фази кои што содејствуват со фазите на градењето на острите агли на пирг кулата и испустите на кулите на јужната страна на тврдината односно на јужниот влез. Овде со ископувањата пронајдовме и богат археолошки движен материјал како од средовековниот период така и од периодите порано всушност како што веќе реков пронајдовме матријални остатоци од 4-ти век или можеби крај на 3-ти век коишто недвосмислено покажуваат дека активностите во тој период биле значајни во тој период. Овде беа пронајдени и 3 големи питоса за складирање на храна всушност на житни култури и беа пронајдени неколку хоризонти кои што потекнуваат уште од 2 век пред нашата ера посведочени со монетите на Филип V, предпоследниот македонски крал и една вотивна теракотна фигурина со претстава најверојатно на Хермес, како и една прекрасна лампа од т.н. македонски тип на лампи исто така од 2 век. п.н.е.  Значи еден богат фундус кој што поконцизно ни дозволи да ги поделиме фазите на самата тврдина а овде на овој потег како што гледате во должина од 50-тина метри беше откриен бедемот кој што ќе биде цел од идните конзерваторски активности  на Завод и музеј Струмица.

Во текот на истражувањата 2007 год. покрај дефинирањето на бедемското платно и влезовите во тврдините се истражи и дефинира и јужниот влез во тврдината, всушност влезот кој што се наоѓа помеѓу две кули или како што ние го нарекувавме фланкиран помеѓу две кули. Се работи за простор истражуван југоисточно од југозападната кула каде што наидовме на остатоци од средовековна куќа исто така под која што беше пронајден и дел од доцноантичкиот бедем и дел од доцноантичка садова керамика а подолу во пониските слоеви пронајдовме и остатоци од енеолитската култура. Меѓутоа како што веќе реков оваа позиција почнавме да ја истражуваме поради фотографијата која што ја имавме во Завод и Музеј струмица а се работи за фотографија снимена во 20-тите години каде што сеуште стои и е позиционирана југозападната кула и покрај југозападната и југоисточната кула значи таа паднала некаде во 30-тите години кога се случил големиот земјотрес во Валандово и денес од неа пронајдовме неколку остатоци. Под самата кула исто така го откривме бедемското протегање кон југ и кон исток. Овде исто така истраживме еден објект кој што претставува еден вид на стражарница. Интересно е дека оваа кула заедно со самиот влез ќе биде предмет на конзервација и реставрација во периодите кои што доаѓаат.

Како што впрочем и известува Евлија Челеби кон крајот на 17 век, кој што патувајќи низ овие краишста дава опис и на тврдината над градот Уструмџа односно Струмица и кој што зборува за постоењето кули и постоењето на три влеза во тврдината. Ова е северниот влез на градот Струмица кој што исто така бил фланкиран со две кули, едната од овие кули ја гледаме овде северната, беше предмет на истражување и таа е исто така градена како и другите кули од варов малтер и камен, а се чини дека таа го штитела влезот кој што бил организиран токму на оваа позиција. Северниот влез за жал се покажа како позиција која што ни даде најмалку податоци за релевантно прикажување на самата тврдина односно за овој дел од тврдината, така што овде буквално ќе имаме и најтешка задача за понатамошните кензерваторски, реставраторски и истражувања а и напори да се заврши  овој дел во неговата вистинска рамка.
Во текот на дефинирањето на северниот влез на тврдината 2007 година веднаш на самиот влез, односно над североисточната кула, се појавија остатоци на средновековна црква односно придворна капела која што да бидеме искрени ја очекуваме некаде во овој простор зашто уште како што не известува Иван Николчич во неговата книга за средовековни тврдини и градови низ Македонија, кога илјада деветстотини седумдесет и некоја година ги копале темелите за поставување на антенски столб и куќичка, придружен објект, во тоа време почнале да излегуваат фрески, и покрај тоа тие го изградиле објектот врз црквичката како што можете и овдека да видите. Значи токму на оваа позиција се појави една црквичка, еднокорабна црквичка со припад од северните и капела од јужната страна. Овде пронајдовме еден богат фундус на фрескоживопис посебно  во јужната капела која што била и опожарена и пронајдовме елементи коишто недвосмислено ни покажуваат на егзистирање на црквичката на 12 и 13 век, на самиот почеток на 13 век. Всушност пронајдовме монети од комненовскиот период и од латинското царство, значи после рушењето и освојувањето на Цариград од страна на крстоносците 1204 година. Самата црквичка служела како придворна капела за посадата на тврдината, а покрај неа беа откриени десетици гробови со остатоци на антрополошки материјал, некои од нив богати со накит кој што исто така не упатува на периодот од 12 и 13 век.
Времето кое што доаѓа, ова црквичка ќе биде предмет на конзервација и реставрација, би сакал да дадам дека до самата црквичка беа, покрај остатоците од фрескоживопис, беа пронајдени и други пронајдоци пред се во централниот дел на црквичката, беше пронајден еден Крст инклопион со натпис „Св.Горѓи“ што можеби укажува на името на црквичката посветена на Св. Горѓи. Имајки ги во предвид цркичките низ другите тврдини во Македонија и во соседството можеме слобоно да кажеме дека најверојатно Св.Горги бил зажтитник на самата црквичка. Покрај тоа беа пронајдени и други интересни елементи и наоди меѓу кои што посебно можам да го споменам наодот на една прекрасна гејма со представа на божицата Атина којашто најверојатно потекнува од доцноантичкиот период.
Уште во текот на истражувањата 2004 год. кога ја истражувавме некрополата на јужниот рид наидовме на остатоци од праисториски култури кои што најверојатно егзистирале на локалитетот Цареви Кули, во тоа време така мислевме, и со истражувањата 2007 год. на некој начин и нашите заклучоци се потврдија така што на одредени позиции на самото плато успеавме да пронајдеме остатоци на енеолитна и ранобронзена култура, а ова беше подлога за понатамошните барања за истражувања на праисториската населба за која што аналогно на другите локалитети на Балканот тврдевме дека е расположена југоисточната страна од платото на Цареви Кули. Како што се симнувавме надолу низ падината, слегувавме се подлабоко во историјата и праисторијата така што на крајот дојдовме до најраната фаза на локалитетот Цареви Кули каде што беше истражувана куќа од раниот енеолит, која што е расположена овде зад нас. Се работи за еден интересен наод на праисториска населба најверојатно која што претпоставувам се шири кон запад а можно е дека се шири и кон север, значи на самата падина која што била терасесто расположена. Значи целата населба била терасесто расположена на самата падина, што на некој начин укажува на конфигурацијата на теренот, едноставно дозволувала единствен таков начин на живеење, а од друга страна целата ова позиција е свртена кон југоисток така што во текот на целата година оваа е осончаната страна заштитена од северните ветрови што на некој начин и зборува за населението која што ја формирала самата населба.
Истражувањата 2008 год. дадоа богат фундус на  движни наоди. Пронајдовме многу фрагменти на садова керамика од раниот енеолит исто така од доцниот енеолит, некој од нив богато декорирани со графитно сликање, додека најинтересни секако беа фигурините, женските фигурини, кои исто така излегоа во еден значаен обем. Потоа имавме многу наоди на камена и кремена индустрија и на некои други отилитарни предмети кои на некој начин биле употребувани во секојдневниот живот на жителите на населбата. Оваа населба е една од ретките вакви населби во југоисточна Македонија всушност по втор пат се истражува една ваква населба. Првата 1984 ја истражува Војислав Сонер, се работи за неолитна населба во месноста Страната кај с.Ангелци, а онаа што е интересно да се напомене е дека се работи за ран енеолит несомнено констатиран, кој што има  блиски паралели со течението на реката Струма, каде што е познат како комплекс Градешница - Слатино – Дикилиташ. Нашиот енеолит има блиски паралели со овој комплекс, меѓутоа има некои свои специфичности  кои што го прават на некој начин единствен од тој тип во југоисточна Македонија. Над куќата од раниот енеолит се појави II фаза, најверојатно од доцниот енеолит, таа е засега е констатирана преку движните наоди и над ова фаза успеавме да најдеме уште една куќа од ранобронзовата епоха што на некој начин го следи движењето на стариот објект од раниот енеолит, всушност куќите беа расположени  во насока исток-запад со правоаголна  форма, и она од раниот енеолит и она од раната бронзова епоха. Раната бронзова епоха исто така припаѓа на еден поширок комплекс којшто го опфаќа и го интегрира целиот Балкан така што ние на некој начин не сме исклучок туку сме поврзани со другите области во Македонија и пошироко во Бугарија и во Грција. Онаа што е интересно е дека за прв пат овде се следат трагите и патеките на Индоевропјаните кои што подоцна во текот на средната и доцната бронзева епоха ќе ги формираат и првите палоетнички културни заедници во Македонија. Меѓу другите наоди можам слободно да ги истакнам и наодите од македонско-хеленистичкиот период. Се работи за многу јами кои беа истражени овдека каде што излезе богат фундус на садова керамика за жал фрагментирана и од кои посебно ке ги нагласам остатоците и фрагментите на Хомескиот тип на мегарски пехари, а некои од нив со престава на Илијада, еден од поинтересните е со претстава на Ахил, јунакот од Троја. Исто така имаме наоди на луцерни, наоди на садови кои што недвосмислено укажуваат на потребата на ова плато за времето на 2 век пред нашата ера односно најверојатно за времето на претпоследниот и последниот македонски крал  Филип V и Персиј. Во IV век исто така имаме слоеви на кои што овде ги констатираме. Се работи пред се за садова керамика, додека во средниот век ова просто служело за погребување, овде беа истражени и неколку гробови со типична христијанска ориентација, со типичен христијански ритуал на погребување за жал на многу сиромашни така што мислам дека повеќето од нив припаѓаат всушност на 13 век.
Досегашните истражувања на Цареви Кули недвосмислено покажаа дека животот на платото на Цареви Кули и на одредени позиции околу Цареви Кули започнал длабоко во праисторијата. Најраните остатоци на праисторијата како што веќе рековме, се од периодот на раниот енеолит кој што е некаде почнува околу 4800 год пр.н.е. и трае до околу 4550 год. всушност некаде кон средината и крајот на раниот енеолит најверојатно почнува животот и на самите Цареви Кули и првата праисториска населба со населението кое што на некој начин го фундирала патот понатаму на градењето и на животната активност на Цареви Кули и на градот Струмица. Со губењето на македонската самостојност, 168 година најнапред со битката кај Пидна, односно 148 година по востанието на лажниот Филип Андриск, Македонија подпаѓа под владеење на римската империја односно во тоа време Римската република и така да остане некаде се до IV век. Во тоа време неколку податоци произлегоа од некрополата на Цареви Кули кои што недвосмислено укажаа на еден интересен ритуал на погребување, се работи за кремирање на покојниците со богат фундус на садови и друг движен археолошки материјал, луцерни, накит, монети кои што исто така ни укажуваат, покрај Филип V и Персеј на самостојните ковања на градовите Пела, Тесалоника, Антиполис и т.н.

Значи во IV век е изградена првата тврдина на локалитетот Цареви Кули, незнаеме каков е контекстот на тврдината, дали всушност воопшто постоела тврдина во 2 век пред нашата ера, меѓутоа доцноантичниот емплектон е конастатиран на повеќе позиции на локалитетот Цареви Кули, исто така потврден недвосмислено со наоди на доцноантичка, односно керамика од крајот на 3-ти и почетокот на 4-ти век, меѓу кои што посебно сакам да ја истакнам печатената керамика која што се појави во различни варијации и орнаменти,  исто така недвосмислено со монетите на Констатин и Диоклецијан кои што се наоѓаа во големи количини во некрополата и низ тврдината за да кон крајот на IV век најверојатно повторно згаснува животот на оваа подрачје дури повторно имаме податоци нешто низ историските извори за некој вид можеби користење во 11 век односно за време на самоиловата епоха, за време на Цар Самуил тврдината најверојатно била користена како стратешки пункт во целата околина. Претпоставувам дека нејзината улога била исто така значајна за време на Беласичката битка. Меѓутоа кон крајот на 11 и почетокот на 12 век почнуваат градежните активности, и во тоа време подигнат е поголемиот дел на бедемското платно, најверојатно поврзано со потребата на Византиските цареви додатно да ги зајакнат градовите од, пред се од норманските наезди, потоа крстоносците се појавуваат во тоа време, големи маси на крстоносци, во првата крстоносна воја и последователно во другите две-три крстоносни војни.
Кон крајот на 12 век  доаѓа до драстични промени во византиското царство. Имено некаде кон 1180 година умира еден од најголемите комниновски цареви Мануел I Коминн по чија смрт доаѓаат многу послаби цареви така што во тоа време на сцена повторно стапуваат норманите за да норманите првпат го освојат Солун во 1185 година со што целата оваа област останува на немилост од норманските освојувања, и во тоа време доаѓа до голема криза во Византија, почнува второто бугарско царство под Петер и Асен, а на целото ова подрачје се осамостојуваат локални владетели кнежеви, на некој начин. На оваа подрачје знаеме дека се осамостоил Добромир Хрст кој што покрај Струмица за свое седиште на управување го завзел и Просек. Од овде имаме и најмногу податоци за тоа како изгледал животот кон крајот на 12 век во тврдините. Значи знаеме дека тој имал посада од некаде 200 до 300 војници како во градот така и во тврдината. Знаеме дека тој бил обседнуван со балистички направи и опседнувачки направи. Знаеме дека во Просек тврдината не била усвоена, најверојатно слично  се случувало и со Струмичката тврдина Цареви Кули. Кон крајот на 12 век се губат трегите на Добримир Хрст, за да на ова исто подрачје се осамостои Добромир Стрез, најверојатно се случувало во првото освојување на Цариград 1204 год во IV крстоносна војна кога дошло до колапс на Византиското царство така што локалните владетели повторно зеле голем замав и учество во ослободување на овие краишта, за да во турболентните времиња едно време градот поминува најверојатно во рака на бугарите, меѓутоа се чини дека во првата половина на 13 век оваа исто подрачје било освоено од страна на мелничкиот господар Деспот Слав за да потоа не ја знаеме судбината на целото подрачје околу Струмица и самите Цареви Кули. Знаеме дека кон крајот на 13 и почетокот на 14 век Цареви кули одиграле значајна улога во српско-византиските судири. Имено по напредувањето на српскиот крал Милутин во овие подрачја својата линија на одбрана го стабилизирал на потегот Штип, Велес, Прилеп, Охрид, додека јужните краишта односно патните комуникации кон Солун и Серез, биле заштитувани со Мелничката тврдина, Струмичката тврина односно Цареви кули и Просек во Демир Капија. Знаеме дека, во тоа време, почетокот на 14 век, не известува и византискиот емисар во дворот на српските кралеви Никифор Грегора, кој што помнал низ Струмица, дава еден опис на Струмица, дава опис на Царевите Кули, тврдината ја нарекува „задоблачна“, зошто кога од подножјето гледаш кон тврдината таа наводно се наоѓала обвиткана со облаци, исто така луѓето кои што ги гледал одоздола му се чинеле како некои птици. Тврдината  најверојатно е освоена некаде околу 1334 година од страна на проширувањето на српскиот цар Душан за да некаде кон крајот на XIV век целата околина заедно со тврдината биде освоена од страна на Отоманското царство по што имаме уште неколку податоци дека во XV век османлиите вршат одредени активности и поправки на самата тврдина за да веќе кон крајот на  XV век и почетокот на XVI век тврдината го изгуби својот стратешки значај, бидејќи Отоманската империја се проширува до порите на Виена,  по што самата тврдина почнала полека да се напушта и руинира. Кон средината на XVII век имаме описи на тврдината  и Струмица од страна  на Хаџи Калфа, Евлија Челеби кои што ја опишува тврдината и тоа се всушност последните извори кои што зборуваат дека тврдината била веќе одамна напуштина, и во неа имало само некои чобани кои што овде биле на некој начин засолнети помеѓу руините на тврдината.