ШАХ
БИЗНИС
ЛИГА
ЗА
МОДЕРНИ
КОМПАНИИ.
БИЗНИС И ШАХ
Ова не е само шаховска лига, туку платформа каде бизнисите се поврзуваат преку интелектуален спорт, тимска конкуренција и општествена одговорност.
Со учество во лигата, компаниите добиваат видливост и активно придонесуваат кон развојот на младинскиот шах, додека самите се дел од организиран, транспарентен и фер натпревар.
Ќе играте сигурно и трпеливо, или ќе ризикувате за победа?
НАТПРЕВАР
НА КОМПАНИИ
Фирмите настапуваат со сопствени тимови и се натпреваруваат во организирана шаховска лига.
ВИДЛИВОСТ И
ИМИЏ
Учеството во лигата носи континуирана видливост за компаниите.
ПОДДРШКА
ЗА МЛАДИТЕ
Со учеството, компаниите директно придонесуваат кон младинската шаховска школа.
ОПШТЕСТВЕНА
ВРЕДНОСТ
Бизнис лигата ги поврзува бизнисот, спортот и заедницата.
Шахот се промовира како интелектуална игра.
ДУЕЛИ ПОМЕЃУ КОМПАНИИ
БИЗНИС
СЕ ИГРА
НА ТАБЛА.
Понекогаш најдобриот потег е најсмелиот - Михаил Таљ
СОСТАВ НА ТИМОВИТЕ
Секоја компанија пријавува тим составен од 4 играчи.
Тимот мора да вклучува најмалку еден играч под 18 години, како поддршка на младинскиот шах.
Сите играчи се регистрираат пред почетокот на лигата и настапуваат под името на компанијата.
ФОРМАТ НА ИГРА
Секој натпревар се игра на 4 шаховски табли, со директни дуели меѓу тимовите.
Партиите се играат во стандардeн формат 60 минути + 30 секунди по потег. Натпреварите се одвиваат по однапред утврден распоред и исти услови за сите тимови.
ЛИГА И ПЛАСМАН
Лигата се игра по лигашки систем, со бодување по секој одигран натпревар.
Резултатите се евидентираат во официјална табела на пласман.
По завршување на сезоната се утврдува конечниот пласман и се прогласуваат победниците.
Бизнис шаховската лига е лигашко натпреварување помеѓу компании, организирано и водено од ШК „Цареви Кули“, според ФИДЕ правила. Сите натпревари, резултати и табели се администрираат централизирано од организаторот во текот на целата сезона.
Преку учеството, компаниите обезбедуваат директна поддршка на младинската шаховска школа и активно придонесуваат за развој на шахот во Струмица, истовремено учествувајќи во структуриран и сериозен спортски натпревар.



